Охрид, 29. декември (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат активностите за прослава на Новата година на Градскиот плоштад во Охрид.
Денеска, со почеток во 12:30 часот ќе се одржи театарската претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“.
За утре, 30-ти декември предвидена е детската претстава „Далматино и Дедо Мраз“, а на 31-ви декември на плоштадот ќе биде одржан музичко-театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“.
Богата програма и за највеселата ноќ. За забавниот дел на дочекот на новата година в недела на Градскиот плоштад во Охрид од 21:00 часот ќе се погрижат диџеите Jana Slayy и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“.
Во понеделник, на 1-ви јануари 2024 година, точно на пладне ќе настапат групата Balkan Jam и Драган Мијалкоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес