Теквондисти на МТТФ ќе учествуваат на „Плевен Опен 2024“ во Бугарија
октомври 4, 2024

Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Теквондисти од Македонска традиционална таеквондо федерација (МТТФ) ќе учествуваат на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Плевен Опен 2024″ за деца до 14 години, што се одржува во Плевен, Бугарија.

МТТФ ќе ја претставуваат четири натпреварувачи предводени од националниот тренер Саша Поповски носител на црн појас V дан.

– Се надеваме дека нашите млади натпреварувачи ќе дадат сѐ од себе и ќе нѐ израдуваат со добар успех. Сите во своите категории имаат по 3-4 борби до златен медал. Голема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“, Министерство за спорт и Општина Охрид, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на Македонската традиционална таеквондо федерација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука