мај 23, 2017

Охрид, 23. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Седум пратеници од кои шестмина од ВМРО-ДПМНЕ и еден од Социјалистичката партија на Македонија биле видени на снимките од холот од Собранието, само неколку минути пред да започне крвавиот инцидент, објави телевизија Телма.

Телевизијата ги идентификуваше: Илија Димовски, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.

– Нивната улога во целиот настан кулминира кога ќе влезе масата. Дел од нив срдечно се поздравуваат со толпата, а дел им покажуваат со раце каде да одат. Снимките се без тон па не може да се чуе што комуницираат пред и по упадот. Топ Тема на Ваша страна ги контактираше пратениците да побара нивен коментар. Мукоски тврди дека не ја отворил вратата иако не демантира дека бил во холот. Сличен е и ставот на неговиот колега Василевски. На сниката се гледа и пратеникот Љубен Арнаудов, но тој тврди спасував жива глава, јави од Телма.

Ниту еден од овие пратеници не е посочен ниту од МВР ниту од Обвинителството и за нив не се води ниту предистражна ниту истражна постапка. (Крај)

извор: Телма фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука