Охрид, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Темата „Skin Trade“ која е резултат на соработка меѓу охридскиот музичар и перкусионист Никола Ристески, со уметничко име Никола Тони и шпанскиот артист DJ Casabella, доби уште три нови ремикси.
Минатата година темата доби ремикс од артистот Oliver Narbona, а на 26-ти февруари, ќе бидат промовирани трите нови ремикси, кои ги направија шпански музичари.
Во издание на издавачката куќа „2seconds Records“, ќе бидат официјално претставени ремиксите на Lorenzo Labellarte, P.Xoria и Augusto Aegean. За слушателите, ремиксите ќе бидат достапни за легално преземање преку Beatport. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 41