февруари 26, 2015

Њујорк, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Општото нутриционистичко правило кое важи за овошјето и зеленчукот со потемна боја, важи и за мешункастите растенија.

Како што се знае дека црното грозје е покорисно од белото, или дека зеленчукот со силна боја е покорисен, така црниот грав и црната боранија, се препорачуваат повеќе отколку нивните сродни плодови со бела боја.

Мешунките црн грав и црвена леќа, се ценети поради нивната висока содржина на протеини и влакна. Тие, исто така, содржат и неколку други клучни витамини и минерали кои имаат корист за човековото здравје. (Крај)

извор: sciencedaily фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука