Скопје, 13. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Негативни се тестовите на 4-те лица од Струмица – поврзани со првата пациентка, информираат од Министерството за здравство.
– Претпладнево беа тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати беа негативни на коронавирустот. Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот. Попладнево на коронавирус беа тестирани уште 7 лица со индикации и нивните тестови се негативни, информираше доцна синоќа министерот за здравство Венко Филипче.
Тој објави дека во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 9 пациенти, од кои 8 се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот, што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнување. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива