јануари 5, 2017

Тетово, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Еколошката состојба во поголемите градови во Македонија, посебно во Скопје и Тетово е загрижувачка, посебно во зимскиот период.

Според Светската Здравствена Организација 80% од белодробните заболувања во светот се резултат на воздушното загадување од колите, камионите и останатите возила.

Отровите во воздухот претставуваат најголема закана за децата, затоа што тие покрај нивната мала физичка издржливост, тие имаат и многу малечки бели дробови и капацитет. Само во Тетово неофицијално се проценува дека се возат над 120.000 автомобили, интензивно се гради без да се запазуваат еколошки стандарди, голем е бројот на постари автомобили кои испуштаат отрови, се крева прашина, постојат голем број на диви депонии, а зелени површини речиси и да не постојат. Со согорување на само 1 литар гориво се испуштаат 2,5 килограми јаглерод диоксид.

Потребни се 3,5 возрасни дрва, со цел да се неутрализира количеството на јаглерод диоксид, кој само еден автомобил го произведува чекајќи на семафор. Иако градот е под Шар Планина, состојбата е аларманта. Велосипеди многу малку се користат, речиси и да не постојат велосипедски патеки, паркирани автомобили можат да се забележат на секој чекор, а јавниот превоз е неорганизиран, што е и причина луѓето почесто да се превозуваат со автомобили.

Сето ова кулминира во зима со покачување на концентрациите на РМ10 во урбаните градски средини, како резултат на затоплување на домовите (печки на дрва) и фрекфентниот сообраќајот (издувните гасови од возилата), но се должи и на минималното струење на ветерот, маглите и температурните инверзии, заради што загадувачките материи не се дисперзираат и остануваат на местото на создавање. (Крај)

извор: Фактор фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука