Струга, 10. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти април 2022 година, во 21:25 часот, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот Х.Д. од Тетово.
– При контрола и проверка на документите било констатирано дека дозволата за престој во Швајцарија била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Струга – Регионален центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 23