Донецк, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Околу 50 тенкови и друга тешка опрема влегле од Русија на украинска територија во текот на изминатата ноќ, соопштил портпаролот на украинската армија.
Според портпаролот “непријателот продолжува да ја зајакнува својата позиција во најопасните правци – североисточниот дел на областа Луганск и крај Дебалцево.
Претходно денеска продолжија 16- часовните преговори меѓу лидерите на Франција, Германија, Украина и Русија, кои се договорија за прекин на воените дејствија од 00:00 часот на 15-ти февруари. (Крај)
извор: ОхридПрес/АФП фото: архива
Прочитано: 19