Охрид, 7. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа која рано утрово околу 05:00 часот се случи во близина на Рача.
Според првичните информации, незгодата се случила поради возење со неприлагодена брзина на условите на патот, по што автомобилот излетал од патот и удрил во бандера. Повредени се и лицата кои во моментот на сообраќајката биле во возилото.
Од СВР Охрид се очекува со повеќе информации да излезат во текот на денешниот ден. (Крај)
извор: О2 фото: архива
Прочитано: 32