октомври 23, 2017

Охрид, 23. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – При изведување на градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај место викано „Лавчани“, вчера околу 12:30 часот се тешко повредени двајца работници.

Станува збор за работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од селото Могорче, дебарско, кои биле удрени од црево кое било под дејство на компромиран воздух. Тие биле пренесени во Медицинскиот центар во Кичево каде им била укажана лекарска помош. Кај лицето М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентниот центар во Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука