септември 29, 2017

Охрид, 29. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Изградбата на новите атрактивно пешачко-рекреативни патеки од мостот кон хотелот „Парк“ и од „Котва“ до Билјанини извори несомнено наметнаа потреба на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ до ресторанот „Котва“, да се изгради нов парк со содржини во кои гостите и охриѓани ќе поминуваат дел од своето време, рече на денешната прес конфернција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Митко Тилевски.

– Овој парк „Студенчишта“ ќе биде ново препознатливо место за Охрид. Модерно хортикултурно-уреден простор оплеменет со клупи за одмор и релаксација и чешми во автентичен стил. Во рамките на овој парк ќе има парк за миленици. Целта на овој проект е дооформување и разубавување на делот околу Охридското Езеро. Со уредување на паркови на влезовите на Охрид ќе се придонесе за разубавување на ликот на просторот на самиот влез на градот, истакна Тилевски.

Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на охриѓани и туристите од сите возрасни групи. Тилевски потенцира дека со уредувањето нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот. (Крај)

извор: ВМРО ДПМНЕ фото: ВМРО ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука