октомври 3, 2017

Охрид, 3. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нашиот долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Митко Тилевски.

Тој го најави проектот за изградба на современо уреден кеј со што ќе се се придонесе кон забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот сектор.

– Проектот опфаќа реконструкција, санација и уредување на Градскиот кеј, да се изврши замена на бекатон плочките, да се отстрани и да се постави нова инсталација. Ново осветлување, нови клупи со што целиот Кеј ќе добие комплетно нов лик, рече Тилевски.

Потенцијалите и изобилството на туристичките можности го поставуваат Охрид високо на туристичката мапа на Македонија. Место каде што се судираат античката и историската култура со модерната и современа култура. Тилевски меѓудругото потенцира дека новиот градски кеј ќе биде и нов лик на градот, модерно шеталиште во кое охриѓани и гостите ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време. (Крај)

извор: ВМРО ДПМНЕ фото: ВМРО ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука