јули 19, 2019

Вевчани, 19. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Здружението „Антропија“, кај нас, носител на независната, алтернативна театарска сцена, чии актери се познати по нивните претстави „Да го поздравиш и да ми го бациш“, „Експеримент“ и „Ужеганатост“, започна со реализација на нов проект, инспириран од живите ритуали и човекот и значењето на човекот кој секако се наоѓа во центарот на овие ритуали.

Секако, станува збор за најпознатиот театар во живо на балканските и пошироки простори – Вевчанскиот василичарки карневал. Крајниот продукт- претставата, се очекува да се развие низ истражувања и соработка со оние кои денес се дел од овие ритуали и ја одржуваат во живот колективната меморија на својот народ.
Тие самите ќе бидат актерите во претставата.

За таа цел, на 23-ти и 24-ти јули, во Вевчани, ќе се спроведуваат интервјуа со заинтересираните. Единствен услов е да носите некоја од традиционалните маски (да сте биле дел од карневалските случувања) и да имате повеќе од 18 години. Интервјуата ќе ги спроведе режисерот на претставата, Марко Мартинс, а ќе биде присутен и продуцентот Ренцо Барсоти.

Image may contain: 3 people, people standing and people walking

– Кога нè поканија како организација да бидеме дел од овој проект веднаш помисливме на богатството на Вевчанскиот карневал, а секако и на вевчанската култура (како значаен сегмент во негување на македонската митологија). За таа цел одлучивме подготовките на проектот, а секако во иднина и дел од проектот, да се случува во Вевчани и со вевчанци, напоменува градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски.

Image may contain: 3 people, people standing, beard and outdoor

„Современиот свет станува отровен. Глобална мрежа. Се чувствувам сиот врмежен и изоиран, истовремено дисконектиран и премногу конектиран. Се чувствувам како да живеам во фабрика, и вистински и виртуелно- за храна, санитарна, морална и филозовска. Има толку да се прочита, а премногу од тоа е глупаво и лажно. Веќе не знам дали јас сум тој што конзумира или јас сум тој што е конзумиран. Веќе е тешко да се движиме и за брзо ќе се бориме за воздух. Се губиме самите и ги губиме другите. Се чини дека не добиваме ништо во замена на она што го губиме.“

Ова е основната порака на оваа претстава, која, очекувано, покрај на нашите, ќе згазне и на многу европски театарски сцени. (Крај)

извор: Веле Митаноски фото: Веле Митаноски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука