март 2, 2015

Охрид/Струга, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Зоран Димoски, претставник на велосипедскиот клуб „Зш точак“ од Охрид, во друштво на најпознатата македонска алпинистка Илина Арсова, имаа еднодневна планинарска тура на Јабланица во друштво на специјални гости од Италија.

zstocakjablanica2

Овој пат специјални гости беа планинарите кои се занимаваат со екстремни спортови, Италијанците Џорџо Дајдола, првиот човек кој скијал од 8.000 метри во телемарк стил, уште во далечната 1989 година, Матео Гвадањими и Паоло Олиаро победник на првата титула Парис – Дакар.

zstocakjablanica3

– Планината не’ почести со прекрасно време, свеж снег и ветер со брзина од 0 м/сек. Рутата почна од селото Вевчани, каде и заврши со заслужен аперитив и дегустација. Искачивме одоколу 1.300 м висинска разлика во времетраење од 3 часа 45 минути. Планината нуди бескрајни фрирајд можности, велат од „Зш Точак“.

zstocakjablanica4

Господинот Џорџио испраќа порака до сите љубител на планините и екстремните спортови:

– Еден ден на планина, еден ден подалеку од доктор. Уживајте!

Турата беше снимена, а од „Зш Точак“ најавуваат дека споделуваат со публиката уште едно неверојатно видео од незаборавен фрирајд од недопрените Јабланички снежни падини.

zstocakjablanica6

– На оваа тура се придружи еден наш член од „Зш Точак“. Во иднина ќе организираме повеќе вакви тури, каде се популаризира спортот, движењето во природа, планинарењето, а акцент секако ставаме на велосипедизмот и екстремниот велосипедизам, затоа што нашите членови се занимаваат со повеќе спортови, најавува претседателот на „Зш Точак“, Жанко Голабоски.

zstocakjablanica5

Од „Зш Точак“ даваат препорака за сите оние кои сакаат да се рекреираат на планина, да внимаваат на лавини и други непредвидени опасности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Зш Точак

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука