Чикаго, 16. февраури 2015 (ОХРИДПРЕС) – Тинејџерите го држат и понатаму рекордот на категорија на граѓани, кои најмалку спијат.
Испитувањето на американските научници ги потвдило сомнежите дека лицата меѓу 15 и 19 години поминуваат најмалку часови во сон. Извесен период приматот во неспиење го имаа раководните лица на големи компании, кои имаат најмногу работни обврски, дури и за викенд, и земаат само три до четири работини денови одмор во годината, но со последното истражување се покажа дека тинејџерите, спијат во континуитет многу малку.
Последната студија покажала дека тинејџерите спијат малку без оглед дали имаат обврски или не. Биле испитувани лица од оваа возраст меѓу 15 и 19 години, кои во период од еден месец немале училишни, спортски и други обврски. Без оглед на тоа, повторно „губеле“ време во бесцелни задачи, не го поминувале квалитетно времето, а сепак, биле ненаспани. Во просек спиеле од 3 до 6 часа во едно деноноќие.
Експертите обично им препорачуваме девет или десет часа спиење на тинејџерите. (Крај)
извор: Medical News Today фото: архива