март 9, 2017

Скопје/Охрид 9. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот актер и стендап комичар, Никола Тодороски, на 16-ти март ќе ја забавува скопската публика со стенд ап комедија.

Неговото претставување ќе биде во просторот на Public Room. Организаторите на овој настан, за Тодороски велат дека е еден од најактивните македонски стендап комичари со над 150 настапи годишно.

Влезот за стендап комедијата ќе биде слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука