Торино, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Јувентус и официјално го потврди трансферот на Томас Ринкон кој пристигна од редовите на Џенова.
Фудбалерот за врска, потпиша договор до 2020 година а екипата на Џенова ќе заработи осум милиони евра од овој трансфер, плус дополнителни бонуси во зависност од успесите на клубот во следниот период.
Според италијанските медиуми, „жртва“ на овој трансфер ќе биде Миралем Пјаниќ, од чии настапи тренерот Алегри не е задоволен, па сега ќе се пресели на клупата за резерви. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19