News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 20, 2024

Скопје/Охрид, 20. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владините објекти се во многу лоша состојба, меѓу нив е и вилата „Свети Стефан“ во Охрид, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија Ивица Томовски за Тв Алфа.

Тој потенцираше дека владиниот имот кој е во сопственост на државата, бил наследен во многу лоша состојба за што приложи и соодветни фотографии за лошата состојба во која се наоѓаат објектите.

– Имаме во сопственост наши објекти, имаме вила во Лазарополе, имаме вили во Охрид кои што се во доста лоша состојба. Ова е сето она што сме го направиле во овој краток период без финансиски импликации брз буџетот, со сопствени средства и без пари. Практично, немало никаков пристап до вилата и ние овозможивме пристап и планираме во текот на 2025-2026 година комплетно целиот државен имот да го ставиме во функција да профункционира и да нема никаков проблем, рече Томовски.

OhridPress уште пред еден месец направи обиколка на објектот и сними соодветен фото и видео материјал од моменталната состојба во која се наоѓа истиот.

Согласно законските можности, побаравме информација од Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија за овој објект во Охрид, но до овој момент информацијата не е доставена. Станува збор за исклучително вреден објект на супер-атрактивна локација, кој подолг период наназад стои празен и е оставен на забот на времето.News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука