април 7, 2022

Охрид, 7. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Тони Јованоски од групата „Камелеон“ е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

За групата „Камелеон“ велат дека се вистински охридски бенд – по срце и душа и дека најдобро го отсликуваат сензибилитетот и музиката која се негува во овој град во кој „секогаш се слушала најдобрата музика“. Бас гитарата е неговата најголема музичка љубов. Тони Јованоски важи за голем вљубеник во чистата природа, преубавиот Охрид и неговата „Рајска долина“.

Негов музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Easy On Me на Adele, Lost On You на LP и No Roots на Alice Merton.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Јованоски падна на Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Пијан Славеј со „Крв да ни се стори“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука