јануари 4, 2017

Скопје, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хорот „Св.Злата Мегленска“ ќе одржи традиционален концерт „Божик-слава“ на 7 јануари во Градската православна црква „Пресвета Богородица“ во Скопје со почеток во 19.30 часот.

Влезот е слободен.

– Станува збор за хуманитарен концерт. На влезот во црквата ќе бидат поставени кутии за донација. Присутните на концертот можат да донираат доброволно, а собраните сретства ќе им бидат доделени на ранливата категорија на луѓе и деца со посебни потреби, вели диригентката на хорот, Летка Димовска-Полизова. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука