август 6, 2019

Струга, 6. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално, по 16-ти пат од 7-ми до 14-ти август во Струга ќе се одржи Меѓународниот арт фестивал – натпревар „Езерски бисери“.

Официјалната програма започнува в петок, на 9-ти август, За време на првата фестивалска вечер ќе се одржи натпревар во класична музика, пијано и соло пеење. Вечерта од 21:00 часот ќе се одржи натпревар за убавина, мода и талент „Европска убавица 2019“.

На 10-ти август за учесниците и професорите бесплатен мастер клас по пијано ќе одржи Денис Чефанов. На 11-ти август сцената е резервирана за поп музика, ќе се натпреваруваат естрадни уметници.

Годинашниот настан ќе биде заокружен со гала концерт и доделување на награди за најдобрите.

Сите настани ќе се случуваат во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери“ е натпревар на уметноста кој се одржува секоја година во првата половина на август. Пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет доаѓаат во Струга, Македонија крај прекрасното Охридско езеро и се натпреваруваат во бројни дисциплини. Нивните настапи ги оценува професионално меѓународно жири, чии членови одржуваат бесплатни мастер класови за сите учесници и за нивните професори по натпреварот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука