август 7, 2017

Охрид, 7. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на охридскиот Црвен крст, и оваа година ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

– Акцијата ќе се спроведува два дена и тоа во вторник, на 8-ми август во периодот од 19:00 до 24:00 часот и во среда на 9-ти август од 09:00 до 13:00 часот. Ги покануваме нашите хумани сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција, порачаа организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука