Охрид, 6. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток и петок, на 8-ми и 9-ти август, во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, која во организација на охридскиот Црвен крст се одржува секоја година за празникот Св. Климент.
Акцијата ќе се реализира во периодот од 19:00 до 24:00 часот во четврток и во петок, на 9-ти август од 09:00 до 13:00 часот.
– Ги покануваме нашите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26