Охрид, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Традицијата, културното наследство, уметноста на Турција од неколку периоди преку изложба на дела беше претставена во Спомен Домот на Христо Узунов во Охрид.
Изложбата содржи фотографии и уметнички дела, но и експонати кои се рачна изработка и го претставуваат дел од фолклорот и занаетчиството во Турција.
– Многу ни е мило што сме тука. Во Охрид досега сум бил шест пати. Овој пат имаме постановка, изложба на дела од културното наследство на Турција. Македонија е пријателска земја на Турција. Изложени се традиционални турски уметнички дела и дела од модерната уметност во Турција. Целта на оваа изложба е да ја покажеме нашата благодарност кон Македонија, како и интересот за поставување на оваа наша изложба. Дел од уметничките дела се од Анадолија и ја покажуваат традицијата на Турција. Некои од фотографиите, кои може да се видат се од Отоманскиот период, направени комбинирано и во Македонија и во Турција, кажа Ахмет Ајтач, фолклорист, проф. Д-р на Селцук Универзитетот во Турција.
Посебно интересен за посетителите на Охрид беше делот каде беа поместени фотографии од периодот на Отоманското царство во Македонија и училиштата во Охрид пред и за време на Илинденското востание.
Изложбата под наслов „Турското уметничко наследство“ е подготвена од Центарот за истражување на турските ракотворби, при Селџук универзитетот од Конија, Република Турција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес