Охрид, 23. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Традицијата продолжува, на денот на македонската независност, 8-ми септември, сепак ќе се одржи 31-то издание на Интернационалниот охридски атлетски маратон.
И покрај финансиските проблеми и најавеното прекинување на три децениската традиција, започнуваат подготовките за 31-то издание на оваа значајна спортска манифестација.
Од Здружението „Охридски Атлетски Маратон 2012“ информираат дека за годинашното издание, покрај стандардната трка од Свети Наум до Охрид, во должина од 30 километри, ќе има и трка на 5 километри, а за тоа јавноста ќе биде дополнително информирана. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31