Традицијата продолжи, 12-то издание на Бадниковата поворка во Охрид
јануари 6, 2025

Охрид, 6. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со ѕвезди во рака, широка насмевка на лицата и видна возбуда пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, околу 800 охриѓанчиња, како дел од Бадниковата поворка денеска, на Бадник, го најавија Христовото раѓање – Божик.

Тргнаа од дворот на црквата „Св. Георги“ во Горна Влашка Мала, па движејќи се по улицата „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и „Македонски просветители“, стигнаа до чаршијата и Градскиот плоштад.

Бадниковата поворка во Охрид се одржува 12 година по ред и е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид, а е поддржана од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Gjoko Simjanoski

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука