август 28, 2019

Охрид, 28. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Неколку илјади посетители, верни на традицијата, денес го посетија селото Скребатно каде уште еднаш се помолија во храмот на Пресвета Богородица во чест на денот кој православните христијани го празнуваат во нејзина чест.

Како што налага традицијата, за сите посетители на прекрасните падини над селото беше поделен традиционалниот ручек кој се служи во оваа црква.

Image may contain: 3 people, crowd and outdoor

Image may contain: one or more people, cloud, sky, crowd, outdoor and nature

На празникот Успение на Пресвета Богородица во кругот на обновената црква во Скребатно се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.

Тоа е голем црковно-народен собир посетен од 7-8 илјади домашни и гости од странство. Необично во целата приказна е што Голема Богородица, како што народот го нарекува големиот христијански празник, толку масовно се празнува во планинското село кое одамна е напуштетно и нема ниту еден постојан жител.

Image may contain: one or more people, crowd and outdoor

Собирот во секој негов дел секогаш е одлично организиран, уредени се паркинзи и важи посебен сообраќаен режим за празникот што ги поштедува гостите од застои. Се служи манастирска ракија и храна, а секогаш е весело со ора и изворна музика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Boro Gorgijevski/Gjoko Sikoski/Slavé Kelesovski

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука