Охрид, 6. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со ѕвезди во рака, широка насмевка на лицата и видна возбуда пеејќи ја возобновената христијанска песна „Вечниот Бог“, околу 800 охриѓанчиња, како дел од Бадниковата поворка денеска ќе го најават Христовото раѓање – Божик.
Ќе тргнат во 10:30 часот од дворот на црквата „Св. Георги“ во Горна Влашка Мала по улицата „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“, „Македонски просветители“ и низ чаршијата до Градскиот плоштад тие ќе шират радост и среќа и ќе ја пеат песната „Вечниот Бог“.
Бадниковата поворка во Охрид се одржува 12 година по ред и е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид, а е поддржана од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 129