Охрид, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охриѓанец Трајан Целески – Тачо, пред два дена е опериран во Италија и во моментов е во свесна состојба и се чувствува подобро, информираат негови блиски пријатели.
Со ова е ставена круна на акциите и напорите на охридската јавност која периодов наназад преку бројни хуманитарни настани собираше помош за младиот спортист. Во изминативе две недели се беа организирани повеќе акции, хуманитарни забави, турнири, а свој придонес дадоа голем број фирми.
Тачо боледуваше од тумор Астроцитома и сега започнува постапката за негово заздравување и враќање во нормален живот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 77