јули 13, 2017

Охрид, 13. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Делницата од Охрид до Подмоље од автопатот Кичево – Охрид веќе зеде „данок во крв“ од неколку жртви. За тоа, пак,  никој не одговара, а одговорноста е конкретна и може лесно да се адресира.

Се гради паралелно новата, со трасата на стариот пат, обезбедувањето е никакво, нивото на новата, понекаде е и за метар пониско од старата, а сообраќајот се одвива „нормално!“. Охриѓани и стружани, од претпазливост, често го користат стариот, крајезерски пат. На странците пак им е поатрактивен овој пат чиј голем дел поминува до самиот брег на езерото.

starpatostetuvanja2Но и тука, поради немарност на повиканите, „во заседа“, ве чека голема опасност. На половината од патот, кај бензинската станица на Мак петрол, поточно кај препумпната колекторска станица, пропаднал дел од патот. Создадена е дупка подлабока од еден метар, а возачите не можат да ја забележат затоа што ивиците се обраснати со трева. Само еден Господ знае, како досега не се случила некоја нова трагедија!?

starpatostetuvanja3А, кој Господ ги штити од одговорност, господата од „Македонија пат“, за ваквата немарност!? Секако и локалните власти на Охрид и Струга, не се без одговорност, макар таа била и само морална, односно човечка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука