септември 11, 2017

Охрид, 11. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на „Македонското здружение за заштита при работа”, во Охрид ќе се одржи тренинг за основи за безбедност и здравје при работа, стандарди, услови за работа, застапување и лобирачки вештини на претставниците на Граѓанските и медиумските организации.

Тренингот е во рамките на проектот „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со Државните институции“, а ќе се одржи од 12-14 септември 2017 година во хотел „Аквалина“.

Учество ќе земат претставници од медиумските и Граѓанските организации, а своето искуство и пренос на знаења од областа на БЗР, лобирање и застапување на целната група ќе го споделат еминентни експерти од земјава и ЕУ регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука