Црвена Вода, 14. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Историското место Црвена Вода, во општина Дебрца, селото со кое се поврзани сите нишани од постанокот на современата македонска држава после Втората светска војна, денеска, широко ги отвора вратите за учесниците на националчната манифестација „МТБ (Вело)-тура Караорман 2023“.
Станува збор за кружна атрактивна тура, која, покрај другото, минува низ кањонот на Песочка Река. Стартот и финишот се кај бензинска пумпа ОКТА (на самиот автопат Кичево-Охрид), по што минува низ селото Песочан, потоа се искачува до браната кај Радомирово, а од тука до историските споменици, како Славеј Планина, местото на формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“, зародишот на денешната АРМ. Mинува низ партизамските бази и завршува во Црвена Вода.
Должина на турата е 40 километри, додека искачувањето е 1.250 метри, надморска височина. Теренот е 95 проценти шумски „off road“ пат.
Овој проект ќе придонесе за поголема безбедност на планинарите и велосипедистите. Велосипедската култура во земјава последните години доживува подем, а интересот за планински велосипедизам енормно расте во светски рамки. (Крај)
извор: Веле Митаноски фото: Веле Митаноски