Медисон, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Активисти трет ден по ред, протестираа во Медисон, Висконсин, по убиството на еден невооружен тинејџер афро-американец, последен во серијата убиства што го наметнуваат прашањето на расни предрасуди во редовите на американската полиција.
Повеќе од 100 луѓе, кои се згрозени од смртта на Тони Робинсон, учествуваа вчера во протестниот марш низ улиците на Медисон, носејќи транспаренти.
Убиствата на невооружените афро-американци во САД растат. (Крај)
извор: Ројтерс фото: архива
Прочитано: 40