Охрид, 15. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на цело Охридско Езеро, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој престојуваше во посета на Охрид и Струга.
Тој се сретна со претставници од риболовните здруженија и риболовците од овој крај кои ги запозна со новата риболовна основа која што е донесена.
Трипуновски додава дека ова е уште едно во низата на исполнети ветувања кои што ги има дадено во предизборниот период.
Министерот посочи дека целото езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21