Богданци, 05. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Три лица загинале во пожарот што избувна утринава во плинара во Богданци.
На лице место покрај пожарникарски екипи, пристигнала и брзата помош. Загаденоста на воздухот во околината е забележителна.
Децата од околното основно училиште биле пуштени дома, бидејќи веднаш по екслозијата снемало електрична енергија.
Станува збор за фабрика каде се работи во три смени, а во моментот на експлозиите на работа биле 11 вработени.
Фабриката за плински боци е сместена на влезот во градот Богданци. (Крај)
извор: ОхридПрес/Вест/Телма фото: архива
Прочитано: 25