News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
август 25, 2019

Охрид, 25. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишниот Л.Г. и 39-годишниот А.В., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– На 13-ти август 2019 година, во населбата „Лагадин“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патнички возила сопственост на пријавените и апартман во кој престојувале, при што пронашле и одзеле околу три килограми марихуана и кокаин. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука