Охрид, 21. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на празниците, ЈП „Охридски комуналец“ со зголемени активности.
Директорот Љупчо Граданоски во изјава за Супер радио и OhridPress истакна дека во претпријатието периодов се работи во три смени, улиците во централното градско подрачје се метат четири пати, а низ градот е зголемен и бројот на контејнери.
Што се однесува до зимското одржување на патиштата, директорот Грданоски рече дека се целосно подготвени.
– При првиот снег што го имавме неделава, реагиравме веднаш, излеговме на терен, замрзнатите улици беа посипени со абразивни средства. Интервениравме и во стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев“ (Бараки) и местата каде има остри и тесни свиоци и големи наклони, рече Грданоски.
Покрај интервенциите на службите на Комуналец, во овие две населби се направени неколку пунктови на кои има сол и песок, за да можат и самите граѓани по потреба да реагираат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива