Струга, 26.февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Општина Струга започна акција за поставување туристички информативни табли на повеќе локации низ градот.
Целта е туристите навремено да бидат информирани за културните, историските, природните и туристичките знаменитости како и за останатите објекти и содржини кои се специфични за Струга.
Во текот на вчерашниот ден, вакви туристички информативни табли со соодветен знак на објектот беа поставени на повеќе места.Туристите, како што велат во општината, од оваа туристичка сезона ќе имаат повеќе информации за сите позначајни објекти и содржини што го поседува Струга. (Крај)
извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес
Прочитано: 50