Истанбул/Охрид, 10. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), заедно со туристичкиот сектор по две години пауза се дел од најголемата интернационална саемска манифестација во Истанбул, Турција.
За туристичкиот саем EMITT оваа година е јубилејна, одбележува 25 години постоење и истиот се одржува од 9-ти до 12-ти февруари 2022 година. Оваа година АППТ го претставува туристичкиот потенцијал на EMITT заедно со пет учесници, коегзиботорите Фибула Травел, Генерал Турист, Бадем Тур, ДМЦ Балканс, Радика ресорт, на 40 м2 штанд. Во фокусот на саемската туристичка промоција се традицијата, гастрономијата и туристички производи кои ги поврзуваат македонскиот и турскиот народ во делот на културното наследство. Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар се вековната традиција на нашата држава, природните богатства и историја, како и етничката разновидност на нашата земја. Штандот на Република Македонија беше посетен од Министерот за туризам и култура на Турција и градоначалникот на Истанбул, поголем број на туроператори од Турција и медиуми за кои се дадоа изјави и се договорија информативни патувања. Се прават преговори за отпочнување на авиолинија Измир-Скопје и воспоставување на чартери Истанбул-Охрид, потенцираат од АППТ.
Турскиот пазар е многу значаен за македонскиот туристички сектор бидејки се очекува во 2022 година да порасне за 30% во однос на 2021 година, што ќе овозможи нивен подолг престој во нашите дестинации и значителен удел во девизниот прилив од туристичкта индустрија
– Ова е првата саемска манифестација каде Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организирано се преставува со поголем број на македонски туроператори по отпочнување на пандемијата, зголемувајки ја промоцијата на македонските туристички потенцијали. Несомнено ова преставува силна порака дека туризмот започнува со закрепнувањето многу побрзо одколку што се очекуваше, а интересот за нашата дестинација е исклучително голем кај туриските туропертори кои Република Македонија ја имаат поставено со повеќе програми за сезоната 2022 година, истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски.
Со саемското претставување на EMITT туристичкиот сектор отвора нови можности за зголемување на бројот на турски туристи, кои изминатата година беа во првите топ посетители со 22294 туристи кои ја посетиле Република Македонија. (Крај)
извор: АППТ фото: АППТ