Охрид/Истанбул, 30. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) од денес ја презентира туристичката понуда на Република Македонија, заедно со 9 ко-егзибитори на најголемиот настан во туристичката индустрија во регионов, Саемот за туризам во Истанбул.
Станува збор за настан, кој се организира по 24-ти пат – EMITT 2020 во Истанбул, Турција.
– Ко-егзибиторите Fibula Air Travel, BademTour „Balkan Incoming“, Vardar Express, Park Hotel, Newstarhotel, Karaci Tours Balkan, Enjoy Balkans и @hfrtours се вмрежуваат со 1.200 други туристички агенции и туроператори од 94 земји од светот, информираат од Агенцијата.
Саемот за туризам во Истанбул се очекува да го посетат околу 60.000 професионалци и ентузијасти. (Крај)
извор: АППТ фото: АППТ