Истанбул/Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Убавините на Охрид и Република Македонија се презентираат на саемот за туризам ITF Istanbul.
Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска оствари средба со членови на Управниот одбор на ТУРСАБ, при што било договорено да се оствари информативно патување во земјава.
Бројот на туристи од Турција за седум месеци од годинава го надмина бројот од 100.000 гости, ова е мотив за поголеми промотивни активности во овој туристички пазар. Проекцијата за следната година е зголемување на турските посетители на Балканот за 40%. Турците доаѓаат на кружни патувања, додека во Република Македонија туристичките тури вклучуваат посета на Скопје, Битола, Охрид со акцент на културниот туризам. Традиционалните врски со Турција и блискоста со македонскиот народ го зголемува интересот на турските туристи за посета на Република Македонија.
Претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на туристичкиот саем ITF Istanbul ќе ги промовираат туристичките содржини и можности за зголемување на туристичкиот промет во државава. (Крај)
извор: АППТ фото: АППТ