Убавините на Охрид и Македонија презентирани на саемот за туризам Vakantiebeurs во Утрехт, Холандија
јануари 8, 2025

Утрехт/Охрид, 8. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Убавините на Охрид и Република Македонија се презентираат на интернационалниот саем за туризам Vakantiebeurs што се одржува од 8-ми до 12-ти јануари 2025 година во Утрехт, Холандија.

Холандскиот пазар кој е еден од првите и најлојални туристички пазари на Македонија е од значаен интерес за развој на туризмот во нашата држава, истакнуваат претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Учеството на саемот и промоцијата на македонскиот туризам индиректно придонесува за континуиран раст на бројот на холандски туристи во Република Македонија.

– Лојалноста во туризмот која најтешко се постигнува, Македонија на овој пазар и официјално ја постигна со тоа што успеа да врати по втор или трет пат холандски туристи кои имаат желба да посетат и други делови од земјава, освен најголемите туристички центри, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: АППТ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука