Охрид, 13. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од 24-ти до 27-ми март во Белград ќе се одржи саем за туризам на кој ќе бидат претставени општините Охрид, Дојран, Гевгелија, Демир Капија и Крушево.
На изложбен простор на 60 квадратни метри, на саемот ќе бидат и претставниците од четирите комори за туризам СКТМ, НУК, ХОТАМ и ССК, а се очекува повеќе од 65 најавени туристички агенции, туроператори и хотелиери кои ќе не посетат. На 24-ти и 25-ти март ќе се одржат Охридска и Дојранска вечер, а ќе има и презентација на повеќе атракции и форми на туристичка понуда.
– Решени сме сите заедно да ја достигнеме целта од 2,5 милиони ноќевања и зголемување на странските туристи за 25 отсто во 2022 година со повеќе од 400 милиони долари во македонската економија. Време е да се оддолжиме на државата за се што направи во последните години за туризмот во Македонија, напиша на неговиот профил на Facebook директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски. (Крај)
извор: www.vecer.press фото: ОхридПрес