март 1, 2015

Москва, 1. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот вицепремиер на Русија и опозиционен лидер, Борис Немцов беше застрелан со четири куршуми во грбот, на мост во близината на Кремљ, стои во официјалното соопштение на руската полиција.

Во моментот на убиството, Немцов бил во друштво на пријателка која пристигнала од Украина и не била ранета во атентатот. Полицијата потврди дека нејзините информации може да им помогнат на безбедносните органи да ги откријат убијците.

– Граѓанинот Немцов пешачел со една жена пријателка, која пристигнала од Украина, по камениот мост Бољшој кон плоштадот Болотнаја. Наеднаш, покрај нив застанал автомобил, од чија внатрешност биле истрелани неколку куршуми. Немцов бил погоден со 4 куршуми во грбот и починал од повредите, изјави портпаролот на полицијата, Елена Алексејева, стои во официјалното соопштението на полицијата, според која атентатот на Немцов бил внимателно испланиран и убијците повеќе часови го следеле низ Москва.

Телевизискиот канал ТВЦ вчера покажа снимка на која, ако може да му се верува на часовникот на видеото, покажува дека убиството всушност се случило околу 23:30 часот. Седум минути подоцна се гледаат двајца мажи кои бегаат под мостот, а полицијата пристигнува околу 23:42 часот. На снимката се гледа и едно од лицата како се качува во бел автомобил и заминува.

Погледнете. (Крај)

извор: ТВЦ фото: screenshot

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука