Скопје/Охрид, 5. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Цените на угостителските услуги во периодот јануари-мај година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 5.9 %, а во однос на декември 2023 година, се повисоки за 1.8 %, соопштија од Државниот завод за статистика.
Во мај годинава, пак, во споредба со април, угостителските услуги поскапеле за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: Храна за 0.4 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.6 %.
Во однос на мај минатата година, цените угостителските услуги се зголемени за 5.0 %. (Крај)
извор: Курир.мк фото: ОхридПрес
Прочитано: 22