Нион, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Тричлена комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) денес треба да донесе одлука за епилогот од прекинатиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија.
Во Контролната и Дисциплинската комисија на УЕФА се: претседателот Томас Партл (Австрија) и членовите Жак Антенен (Швајцарија), Шандор Бержи (Унгарија), Томас Хеа (Андора), Џим Стјерне Хансен (Данска), Ханс Лоренц (Германија), Рудолф Репка (Чешка), Џејмс Шо (Северна Ирска) и Жоел Волф (Луксембург). Комисијата која ќе ја носи одлуката ќе има три члена од овој состав.
УЕФА покрена постапка против фудбалските сојузи на двете земји. Фудбалскиот сојуз на Србија се товари за навивачките нереди, фрлање на предмети од трибините, користење ласери, влегување на навивачи на терен и лоша организација на натпреварот. Албанциите се соочуваат со казна поради одбивање да продолжат да играат и поради прикажување на транспарентот кој на стадионот беше донесен со посебен дрон – мало летало на кое беше прикачено знаме на „Голема Албанија“.
Напреварот меѓу Србија и Албанија беше прекинат во 42. минута од првото полувреме. Се играше на 14-ти октомври на стадионот на Партизан во Белград. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива