март 19, 2017

Скопје, 19. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 8 август оваа година Скопје ќе биде домаќин на големиот фудбалски настан ,Супер купот на УЕФА, натпревар на кој во македонската престолнина ќе се сретнат двете најдобри екипи во Европа.

Во насока на популаризација на овој настан трофејот од купот викендов ќе биде изложен во Скопје на платото пред „Куќа на фудбалот“ на специјално брендирана поставка.

Премиерно, УЕФА Супер Куп трофејот ќе биде претставен на грасрут настанот во организација на ФФМ, односно почетокот на пролетната полусезона во Детската ФФМ лига. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука