мај 7, 2024

Охрид, 7. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нема ништо поромантично и помирно од зајдисонце. Уживајте во оваа час и половина тура со чаша шампањ, крстарејќи покрај стариот дел на Охрид, порачуваат од брод „Армада“.

– Поаѓањето е од главното пристаниште во Охрид и крстариме во близина на стариот дел на градот до црквата „Св. Јован“ – Канео. Потоа го преминуваме езерото на другата страна каде што се гледа поранешната резиденција на претседателот на Југославија Јосип Броз Тито, а потоа во близина на источниот брег се враќаме на главното пристаниште, порачуваат од „Армада“.Бродот „Армада“ е опремен со најнова технологија за навигација и EU стандарди. Со надворешна и внатрешна палуба и капацитет од 80 места, „Армада“ е вистински бисер на Охридското Езеро и совршено место за вашите приватни забави и настани. Паметен брод за незаборавни крстарења и поглед кон древниот Охрид од еден поинаков агол. Двата барови ви се на располагање, а на барање и опција за кетеринг по ваш избор. Удобност за моменти кои не се забораваат. Ноќни забави, свадби и корпоративни настани – коктели и ручек или вечера на брод, состаноци во мини конференциската сала. Дневни крстарења до манастирот „Св. Наум“, единствениот „Adventure cruise“, незаборавното крстарење на зајдисонце, организирани групни крстарења или приватни крстарења.

контакт:

armada.mk / [email protected]

Телефон: +38975420401

Повеќе информации и на профилите на социјалните мрежи: Facebook и Instagram, како и на Tripadvisor.

Feel the difference, cruise with ARMADA

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука