Охрид/Кичево/Ресен, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево е укината забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Претходно беше укината и забраната за сообраќај за камиони на планинскиот превој Плетвар.
Поради задржување на снег на коловозите, претпладнево имаше забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои, а на дел од патот Охрид – Кичево сообраќајот се одвиваше и по една коловозна лента. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 15